Повеќето од јавните личности се наоѓаат во изолација во своите домови и чекаат да заврши пандемијата.
Пејачката Катарина Грујиќ овој период го поминува во луксузната вила на нејзините родители.
„Огнене, мислам дека не си единствен кој сакаше да ѕирне во мојата куќа. Моментално се наоѓам во вилата на моите родители на Вождовец, тука пиеме кафе, се дружиме, правиме некои планови. Имав некои неочекувани гости кои за време на викенд останаа на едно место“ вели Каќа за „Амиџи шоу“ и покажа како изгледаат некои делови од домот.
Она што е интересно е што во базенот Каќа има две плишани мечиња.
„Гостите заспаа во базенот, а бидејќи доаѓа човек кој го полни, ќе мора да ги избркаме“ се пошегува пејачката.