Радио Милева

На Џорџ и Амал Клуни им се може: На децата им купиле куќа за да си играат вредна 112 илјади долари

На Џорџ и Амал Клуни им се може: На децата им купиле куќа за да си играат вредна 112 илјади долари

Познатиот холивудски актер Џорџ Клуни (58) и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни (42), решија да ги изненадат своите двегодишни близнаци Александра и Ела со ново место за забава.

Сопружниците ќе платат 112,000 долари за куќа игра за своите деца. Објектот за забава ќе се состои од два спрата и ќе биде како вилата во Англија.

Куќата ќе има клима уред, функционална кујна и ќе биде поврзана со цевки за вода.

фото:инстаграм/амал клуни/принтскрин

Двојката ги ангажираше Барбара Батлер и Мајкл Смит за внатрешен дизајн, кои се познати по тоа што ја уредуваа канцеларијата во Белата куќа за поранешниот претседател Барак Обама.

– Ова е екстравагантно, но Џорџ и Амал го сакаат најдоброто. Тие исто така инсистираат на тоа дека нивните деца го ценат она што го имаат и не преземаат ништо здраво за готово – рече нивниот пријател.
Инаку, Амал и Џорџ неодамна донираа околу 1 милион долари на разни организации, меѓу кои и британската Национална здравствена служба и една италијанска фондација во борба против коронавирусот.

Поврзани теми

To top