Радио Милева

Том Хенкс по борбата со корона: „На луѓето им е непријатно да бидат покрај мене“ (видео)

Том Хенкс по борбата со корона: „На луѓето им е непријатно да бидат покрај мене“ (видео)

Актерот Том Хенкс (63) се најде во улога на презентер на комедичното шоу „Saturday Night Live“, каде  раскажа како изгледало неговото лечење од коронавирус, но и каков е неговиот живот откако го победи.

– Не грижи се, избричената коса е за улогата, полека расте. Навистина е добро да се биде овде, но и чудно, да ја водам „Saturday Night Live“ од дома. Чудно време е за шеги, но обидот да се биде смешен е поентата на шоуто – рече тој на почетокот.

Сепак, иако суштината на шоуто е да пренесе смеа, следната изјава на Хенкс не беше смешна за никого.

„Никој не сака да биде со мене долго време и непријатно им е на луѓето да бидат покрај мене“, рече Хенкс.

– Овој костум е првиот што го носам, а да не е тренерка од 11 март. Сопругата ми помогна да се облечам затоа што заборавив како функционираат копчињата – се пошегува Том.

Потсетување, заздравувањето на Том и неговата сопруга траеше еден месец, а парот, по третманот и задолжителната изолација, пристигнаа во Америка на 28 март.

To top