Радио Милева

Цеца во прегратка на мајката на Аркан: Прва фотографија од снаата и свекрвата во јавност (фото)

Цеца во прегратка на мајката на Аркан: Прва фотографија од снаата и свекрвата во јавност (фото)

Мајката на Жељко Ражнатовиќ Аркан почина на 4 декември 2012 година во Клиничкиот центар во Белград.

Славка Јосифовиќ Ражнатовиќ почина на 87-годишна возраст, а како што тогаш рече нејзината ќерка Јасна Диклиќ на денот на погребот, Славка чекала и таа да биде погребана до синот од денот кога тој беше убиен.

Цеца Ражнатовиќ не присуствуваше на погребот на нејзината свекрва, бидејќи во тоа време беше на турнеја во Австралија.

фото:принтскрин/јутјуб

Како што рече, ако била поблизу, сигурно ќе ја прекинела турнејата, а наместо неа, на погребот дојдоа децата, Вељко и Анастасија, како и родителите на Цеца.

– Ме мачеше веста за смртта на свекрвата, но беше речиси невозможно да се откажат концертите затоа што би ги загрозила другите луѓе вклучени во организацијата. Да бев поблизу, би ги преместила или откажала концертите. Целото семејство, мајка, татко, чичко и моите деца беа на погребот – рече Цеца своевремено за српските медиуми.

Пред неколку години се појавија шпекулации за односот што Цеца го имаше со Славка, особено по убиството на Аркан. Се знаеше дека честопати свекрвата на пејачката доаѓала во семејниот дом, дека децата се приврзани кон неа, но се појавија шпекулации дали навистина се блиски со снаата.

фото:принтскрин/инстаграмфан

Сега во јавност се појави нивна заедничка фотографија на која заедно се Цеца и Славка, како и мајката на фолк ѕвездата.

To top