На неодамна завршениот „Саем за венчавки“ видовме море од познати, убави и атрактивни лица кое ги носеа различните модели на венчаници.
Така било отсекогаш, но оваа дама, беше една од оние кои своевремено изгледаа најжешко, најпожелно, најсекси…
Некои велат – најразголената невеста на саемот за венчавки досега.
Фотомоделството и позирањето пред фотообјективот на оваа атрактивна скопјанка не и е непознато, зашто таа досега веќе застанала пред објективот на повеќе наши познати фотографи. Атрактивната Емилија Димитриевска покрај ова има учествувано и на повеќе ревии во земјава и регионот.
Но во оваа сексапилна убавица се крие и нешто што на прв поглед некако не оди со витото тело, долгите нозе, бујните гради, извајаниот задник и убавото лице…
Имено, покрај убавината во Емилија се крие „ѕверка“… од аголот на боксерскиот ринг!
„Боксот ми е вистинска љубов и веќе подолго време тренирам со мојот личен тренер Роберт Варга и морам да признаам дека уживам. Во минатото тренирав неколку спортови, но во овој се пронајдов најмногу. Жал ми е што во Македонија нема бокс натпревари за жени за да можам да си ги измерам силите со некоја соперничка“ – ќе изјави атрактивната Емилија – жешката секси убавица со „челична тупаница“!
Доколку ја сретнете, секогаш имајте на ум дека убавината и сексапилот и се од Бога дадени, ама силата Бога не моли, па затоа внимавајте… да не ја поминете „црвената линија“!
Во меѓувреме, уживајте во изборот на овој фото омаж од нејзините жешки фотосесии!