„Короната пуста да остане… Таа од вообичаениот начин живот не раздели, живот што го живеевме со години. Шегата настрана кога за здравјето се работи, иако шегата е велат, добра за здравјето, особено за здравјето на духот, кој и во овие тешки времиња никако не смее да клоне.
Затоа шегата им е и главен адут на многумина, па и на оние кои се спречени да си ги извршуваат секојдневните работни задачи и работата од која живеат, а работата, поточно професијата им е јавна. Во тој случај алтернативните онлајн решенија од дома се единствениот начин колку-толку да останат во дослух со народот, во контакт со својата публика, или во случајов ТВ гледачите.
„1 на 1“ е една од најгледаните забавни ТВ програми, веројатно најгледаното забавно „ток шоу“ кај нас, а неговиот идеен творец, автор и водител Жарко Димитриоски со текот на годините и од него и од себе направи бренд. И сега, кога брендот не може да се реализира на вообичаениот начин, Жаре бара чаре, како да го има, и како неговите гледачи да не останат покуси за неговото „1 на 1“, а притоа тој и понатаму да биде оригинален и забавен за својата публика.
И кога веќе не може онака, како што вообичаено го тера своето „1 на 1“ шоу, Жаре најде терк како да го тера поинаку. Иако белјата што не снајде и нас и светот не е воопшто за смеење, Жаре поучен од максимата дека смеата и хуморот се лек за секоја болест, ја употреби токму таа формула, како алтернација за својата емисија во даденава ситуација.
Скечеви за душа или поточно „Скеч шоу“ во кое Жаре со лик и дело, карактер и однесување ги имитира познатите македонски јавни личности… Најмногу, неговите колеги, познати и влијателни новинари, ТВ водители, шоумени…
Покрај сите ѕвезди на ред дојде и тој… Миленко Неделковски, познат како „медиумски булдожер“ со „тврд“ политички став, без „влакна на јазикот“, бескомпромисен, директен, радикален, контроверзен, омилен и омразен… Но, по многу нешта единствен и оригинален.
И додека водителот на „1 на 1“ се подготвуваше за супертешката задача да влезе во ликот на „Миленко – Неделко“, брзо сфати дека сета коса што ја има не е доволна, иако претходно констатираше дека во изолација „зараснал“, па на Жаре му фали – бербер! Ама не оној што пее, туку што потстрижува.
Но, по веста дека токму берберот го заразил градоначалникот на едикојаси општина со коронавирус, по што берберот починал, водителот брзо се откажа од идејата „кој те шиша“, но не и од имитацијата, зашто емисијата, а и народот не може да чека!
Откако во долгата перика го најде спасот, а ги собра и сите останати пропратни реквизити од арсеналот на Миленко, Жарко Димитриоски тргна во… „1 на 1“ или „1 против 1“ и за миг се претвори во ликот кој треба да се глуми.
Теорија на вистината или теорија на заговор, само Миленко – Неделко го знае вистинскиот одговор.
А вие, погледнете како изгледаше дозата добар хумор во лошо време, во „Скеч шоу“-то на Жаре, во улогата и ликот на Миленко-Неделко Велики…
View this post on Instagram
Теорија на заговор или теорија на вистината? Неделко Миленко го знае одговорот. ? ??