Во последните неколку месеци постојавно се појавуваат информации околу скандалозната тројка односно Џенифер Анистон, Бред Пит и Анџелина Џоли.
Меѓутоа, сега се појавија нови детали кои ја изненадија јавноста. Имено, како што пишуваат странските медиуми, Анџелина Џоли поради повреда на суетата е подготвена да ја тужи Џенифер Анистон.
Како што пренесуваат медиумите, наскоро Анџелина и Бред повторно ќе присуствуваат на судење за старателство над децата, а по тој повод Џоли има одличен план.
Како што пишува блиц.рс, Анџелина ќе ги искористи аргументите дека Бред ги запознал децата со Анистон.
„Анџа зборува за тоа дека Бред и Џенифер ќе и платат за се и дека на сила ќе ја донесе актерката на суд“ вели извор и додава:
„Тоа испрашување ќе вклучи и прашања за односот на Бред и децата, за работите кои ги зборуваше за Анџелина, за неговиот однос со Џенифер. Нема да може да се извлече“.