Радио Милева

Џенифер Лопез ја одложи свадбата поради коронавирусот

Џенифер Лопез ја одложи свадбата поради коронавирусот

Пејачката и актерката Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родргиез открија дека се принудени поради пандемијата со короната да ја одложат венчавката.

Џеј Ло гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис и призна дека вирусот имал големо влијание на нејзините планови за свадбата и дека не знае кога повторно ќе биде организирана.

фото: Принтскрин

„Влијаеше и на мојата венчавка. Што се однесува до датумот и целата организација навистина не знам што ќе биде. Како и целиот свет, така и ние чекаме, и тоа е нешто што мора да почека во следните неколку месеци“ вели Лопез.

Џенифер и Алекс не сакаа многу да откриваат детали за свадбата, но открија дека кога ќе дојде до тоа, на гостите ќе им пратат авионски карти.

To top