Во Србија и Турција е актуелен разводот на естрадната двојка Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, а пак кај нас пукна врската на некогашната водителка Мелита Ракиќевиќ и сега веќе нејзината екс-љубов Виктор.
По примерот на Емина и наша Мели реши да објави на Инстаграм дека и кажала збогум на љубовта, која ако вредела, ќе траела.
Имено, веќе неколку недели плејадата од љубовните фотографии на нејзиниот профил на социјалната мрежа ги снема, а останаа само оние нејзините.
Инаку, врската и траеше неколку месци, а Мелита тоа не се штедеше да го сокрие од јавноста, туку напротив во секој моемнт и прилика покажуваше колку им е убаво заедно.
Реалноста излезе поинаква од она на фотографија, па како што беше се на тапет, така излезе и со раскинувањето.