Минатогодишниот победник во популарното регионално музичко шоу „Ѕвздите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески, постојано е на дестинација Охрид-Скопје-Белград.
Откако ја издаде својата прва песна „Добро јутро тајно“, тој се почесто патува кон северниот сосед, а деновиве повторно беше во „Гранд“ продукција како гостин во една емисија.
Ристе уште за време на шоуто се стекна со голем број обожаватели кои ја следат неговата музичка кариера и по завршувањето на натпреварот, но сепак има и такви на кои не многу им се допаѓа, па си земаа за право да напишат навредливи коментари на фотографијата која тој ја објави на својот Инстаграм од гостувањето во Србија.
-„Одвратен“, гласи еден од коментарите, а пак друг му возврати „што го следиш ако е одвратен“, се јави и одбраната на пејачот, додека тој остана воздржан на ваквата провокација.
Ристески сигурно не е единствениот познат на чиј профил отпочнала војна меѓу фанови, но едно е сигурно, сите не може да не сакаат, а Ристе очигледно оние негативните ги има многу малку, бидејќи армијата обожаватели ведаш „му го чуваат грбот“.
За потсетување и за убаво утро, слушнете ја „Добро јутро тајно“: