Во последно време често се зборуваше за продажбата на „Гранд“, но Саша Поповиќ никогаш не проговори на оваа тема.
Сепак, Поповиќ во последното интервју откри зошто одлучил да ја продаде продукцијата која со години немаше конкуренција.
„Во 2014 година ни понудија одлични услови, кои Брена и јас не можевме да ги одбиеме, па продадовме дел од фирмата. Наскоро ќе размислиме дали ќе го продадеме и другиот дел“ вели Поповиќ за „Стори.рс“.
„Многумина од самиот почеток направија многу за Гранд, а за тоа потврдува и бројот на вработени. Ако некогаш имаше 40, денес има 200 вработени“ вели Поповиќ и додава:
„Едно време бев водител на сите емисии, бев организатор, сценарист, водител, монтажер. Сега конечно имам време за себе и семејството. Сузана и јас купивме куќа во Опатија, па кога имаме прилика сакаме таму да побегнеме, а бидејќи од ноември сум пензионер, секоја прилика е идеална“ вели Саша.
Тој истакна дека ќе остане водител и директор на Гранд, а размислува да ја унапреди и 15та сезона на „Ѕвездите на Гранд“.