Радио Милева

Џенифер Лопез и свршеникот донираа оброци за гладните во Америка

Џенифер Лопез и свршеникот донираа оброци за гладните во Америка

Популарната пејачка Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез се вклучија во хуманитарна акција и одлучија да помогнат на најзгрозените во текот на пандемијата со коронавирусот.

Пејачката, нејзиниот сврешник и Расел Вилсон ќе им помогнат на оние кои немаат храна, па донираа милион оброци за најзагрозените.

„Луѓе, дали слушнавте за курирската служба “Wheeles Up”. Алекс и јас сме партнери со Расел Вилсон во донирање милони оброци на здружението “Feeding America” за да помогнеме на луѓето во овие тешки моменти. Благодарни сме што сме заедно во ова, дури и кога сме разделени“ пишува во објавата на пејачката.

Пејачката ги повика сите загрозени да се пријават, а во описот остави линк на организацијата.

To top