Анастасија Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со која ги натера следбениците да се замислат, а и да се насмеат. Имено ќерката на Цеца сакаше да покаже дека изолацијата не само што различно делува на секој од нас, туку на поединци карантинот делува навистина чудно!
„Сношти сонував како Анастасија Ражнатовиќ и јас во пижами јадеме сарма и пиеме шампањско… драги Боже, што му прави изолацијата на човекот?“ – напишал некој, чија објава младата пејачка ја обзнани, без да наведе дали се работи на нејзе позната или непозната личност, другар, пријател, познаник, колега… Сепак, едно е сигурно: Кој и да е, човекот има навистина „чуден фетиш“!