Радио Милева функција или титула?

Драган Вучиќ се огласи од карантинот и се пофали дека се наоѓа на пратеничката листа во неговата изборна единица… на домашна адреса (ВИДЕО)

Драган Вучиќ се огласи од карантинот и се пофали дека се наоѓа на пратеничката листа во неговата изборна единица… на домашна адреса (ВИДЕО)

И познатите и јавни лица од естрадата деновиове ја делат истата судбина со нас – „обичните луѓе“ или повеќе ако секате со нивната публика, гледачи, слушатели, обожаватели… Меѓу сите ТВ ѕвезди и пејачот и ТВ водител Драган Вучиќ.

И тој како и останатите седи дома во својот дом и чека „подобри времиња“ за да ги продолж своите „Гурмански муабети“. Во меѓувреме, место кафеански дијалог со ѕвездите, Вучиќ се јави од карантинот со свој монолог.

Водителот обзнани дека и тој ги почитува препораките и седи дома, каде најмногу гледа филмчиња и серии на „Нетфликс“, а телесната форма ја одржува со возење велосипед. Но, Вучко во најновата објава на својот Инстаграм профил обзнани и нешто друго…

Неговата најнова титула или поточно функција со која водителот на сите им се пофали, а тоа е дека се нашол на пратеничката листа во неговата изборна единица… И тоа на домашна адреса! Поточно, на „пратеничката листа“ кај неговата животна сопатничка, сопругата Весна.

Или со со други зборови, Вучиќ станал прaтеник!  Зашто во време на карантин и изолација, тој е оној кого постојано „го праќаат“ да пазарува, односно да го снабди домот со потребните намирници.

 

To top