Најсексапилната италијанска спортска новинарка Дилета Леота и покрај целиот хаос со кој се соочува нејзината земја во борбата со коронпандемијата, како едвај го дочека пролетното сонце.
Како и сите и таа е во карантин, но додека е во изолација Леота никако не е очајна домаќинка за греота, иако „забавата во кујната“ не и непозната.
Сепак тоа утро Дилета стана рано, па откако го испи утринското кафе, се фрли на физичка активност.
Имено, додека трае карантинот на Апенините поради коронавирусот, расната новинарка и радиоводителка слободното време го користи меѓудругото и за да тренира, а овој пат Дилета тоа го направи по мерак на папараците и јавноста, особено онаа- машката!
Таа заедно со своето момче, излезе на тераса, каде Дилета само по танга фати да тренира покажувајќи го сиот свој телесен раскош.
„Тути атрибути“ – што би рекле Италијаните.
И сето тоа не остана незабележано, па таблоидите во Италија со нејзините секси фотографии ги полудеа мажите.
Особено со дел од фотографиите, во кои позите се… „клекни-стани“.
Оние, подоцна од под тушот јавно не беа објавени. Нив ги знае само „тренерот“ што и асистираше на балконот!