Македонскиот ракометен репрезентативец важи за еден од подобрите спортисти кој своето срце го остава на терен.
Дејан за разлика од повеќето, веројатно не многу милува да биде активен на социјалните мрежи, а исклучоци има само кога ракометот е во прашање, па тогаш знае да сподели некоја фотографија од терен.
Тој исто така, многу ретко зборува за својот приватен живот.
Пред да земе замав коронавирусот, Манасков и неговиот Веспрем запишаа нова победа, овој пат во шампионатот на Унгарија. Дејан поради својот ангажман во унгарскиот ракометен клуб Веспрем, живее во истоимениот град во Унгарија, која вирусот исто така не ја заобиколи.
Овој пат, познатиот ракометар за промена, веројатно од монотоната изолација, покажа дека сам знае да си подготви јадење, а покажувајќи ја чинијата со ориз и месо, делумно го покажа и домот.
Совршено јадење, убаво декорирана чинија, средено по дома, Дејан секогаш има полн погодок!