Мегафон

Вонредна прогноза: Снежен бран и поларни температури од речиси -20°C

Вонредна прогноза: Снежен бран и поларни температури од речиси -20°C

Денеска, особено на запад и југозапад, ќе има повремени врнежи од снег со послаб интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -6 до 2 степени и истите ќе бидат ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ за самиот крај на месец февруари.

Најстудено ќе биде во четврток наутро, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени, додека на некои места, не се исклучува можноста да паднат дури и до околу -20 степени, а на високите планини и под -20 степени.

Со ова се прекинува почетокот на климатолошката пролет која почнува токму во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила поради тоа што и тоа како ќе има појава на голомразица поради ПРЕМНОГУ НИСКИТЕ температури на воздухот кој се очекуваат.

Во соработка со: meteomax.mk

To top