Пејачката Александра Пријовиќ нема мир откако владее корона во Србија.
Како што наведуваат медиумите, таа многу се плаши поради нејзиниот син Александар и се труди да ги почитува совети на докторите.
Како што пишува свет.рс, Александра во нејзината куќа ја пушта нејзината мајка, а единствено излегува до портата на куќата.
Иако со сопругот се согласиле да ги почитуваат правилата, Филип Живојиновиќ ги прекршил правилата и заедно си синот заминал во семејниот дом на родителите. Како што тврди овој медиум, Пријовиќ полудела по ова однесување.
„Александра сериозно ја сфати ситуацијата, додека Филип мисли дека нема ништо да биде ако прошета до Брена и Боба. Таа и Филип одлично се согласуваат, но нормално е некогаш да се скараат. Во лутина му кажа се и сешто, па му се закани дека ќе го напушти ако ги прекраши правилата. Секако, таа не го мислеше тоа. Го кажа во страв и во потреба да го заштити детето. Таа се загрижи за Александар, за Брена и Боба бидејќи се луѓе во години. Посебно се загрижи за Брена која е жена во години. Особено за Брена бидејќи има здравствени проблеми. Таа е на разни терапии и на посебен режим на животот, а ако добие некоја појака инфекција, може да дојде до компликации“ вели за „Свет“ извор близок на Живојиновиќ.
Меѓутоа, ова е само уште една шпекулација во медиумите.