Радио Милева

Џеј Ло ја налути јавноста: Покажа дека и во време на корона со пари и се може што сака (фото)

Џеј Ло ја налути јавноста: Покажа дека и во време на корона со пари и се може што сака (фото)

Џенифер Лопез со едно излегување од дома „стегната“ во  хеланки и кратко маиче,  дигна голема прашина во САД.

Џенифер Лопез, беше фотографирана како излегува од теретаната, а како што јавија американските медиуми, иако сите спортски објекти биле затворени, тие ја отвориле оваа сала само за нејзините приватни цели.

Таа платила да тренира заедно со својот сопруг во теретана која е затворена поради коронавирусот, како и сите останати теретани кои не работат овој период.

фото:бекгрид

Сепак тоа не ја интересираше Џенифер Лопез, а американската јавност е бесна затоа што сметаат дека ова е направено само поради фактот што таа е богата и славна.

„Ова е срамота, значи сѐ може кога ќе се плати?“ „Се продавате за пари“- Ова се само некои од коментарите.

фото:бекгрид

Џеј Ло на ваквите коментари не обрнува внимание, само се смешка, тренира и ја покажува својата извонредна линија.

To top