Радио Милева Голо тело за чиста љубов

Нивес Целзијус е повеќе гола отколку облечена во новиот спот „Погледни го животот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Нивес Целзијус е повеќе гола отколку облечена во новиот спот „Погледни го животот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватската секс бомба, пејачка и актерка, нам позната во моментов од серијата „Чиста љубов“ која се емитува на една од нашите телевизии, згодната Нивес Целзијус вчера ја објави својата нова песна и видеспотот за неа, насловена „Погледни го животот“ (Живот погледај).

Уште не поминаа ни 24 часа, а видеото веќе почна да досатигнува енормна гледаност… А како и не би, кога во него хрватската секс бомба, е повеќе гола отколку облечена. Онаква, каква што публиката ја познава, згодна, расна, сексапилна, провокативна…

Нивес како пожелна „милфица“ ги буди најскриените машки мешти и ја разгорува страста во сцените од новиот видеоспот, кој не е само „гола еротика“, туку во себе содржи и тоа како трогателна приказна со фатален крај!

Исто како и песната чии стихови се и тоа како осмислени во приказна која го следи видеото или тоа неа, и се далеку од само купче нафрлени зборови.

Сепак, она што го лепи погледот за екранот се сексапилот и разголените еротски сцени на фаталната Нивес.

 

Музиката и текстот се на  Душан Бачиќ,  аранжманот и продукцијата се на  Бојан Драгојевиќ – ИМПЕРИУМ СТУДИО каде што е и снимена песната. Програмирањето го направиле Бојан Драгојевиќ и Дејан Николиќ.  Видеото го режирал и монтирал Дарио Радузин, додека шминката е на Сања Агиќ. 

И благодариме на  екипата на “Нова ТВ” и “Чиста љубов” – напишала Нивес под постираното видео кое можете да го погледнете во продолжение.

 

 

To top