Поради короната и вонредната состојба во државата најголемиот дел од времето го поминува во изолација во своите домови.
Во четирите ѕида и знаеме да си најдеме занимација за да се насмееме во овие не така убави денови.
Македонската пејачка Калиопи Букле преку социјалните мрежи со својата музика и позитивна енергија знае да ги расположи фановите и да ги насмее.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-povtorno-peeshe-od-doma-vo-zivo-na-instagram-a-na-gosti-virtuelno-i-dojde-milica-todorovikj-video/
Таа многу често се вклучува во живо на „Инстаграм“, каде што разговара, пее, се дружи со своите фанови.
Меѓутоа, за да биде уште поинтересно деновиве Калиопи за своите фанови ширум регионот организира „Калиопи Фан Арт.
„Драги мои,
За време на изолацијата додека ги следиме препораките и седиме дома, како
примарна мерка во борбата против корона вирусот, решив да го искористиме
времето за креативност и дружење.
Освен што пееме, јас и мојот тим смисливме начин како да бидеме креативни а воедно и поблиску иако сме далеку едни од други, под мотото #седидома“ напиша Опи и додаде дека на социјалните мрежи може да ги најдете правилата на играта.
Меѓутоа бидејќи вчера беше 1ви април односно „Денот на шегата“, македонската дива одлучи да се пошегува со нејзиниот менаџерски тим односно нејзината менаџерска, па така Опи и се јави и ја „излажа“ дека „Калиопи Фан Арт“ се откажува.
Таа овој момент го забележа со својот мобилен телефон и го објави на својот „Инстаграм“, а како тоа изгледаше може да погледнете подолу.
За потсетување, пред короната пејачката имаше успешни концерти ширум регионот со кои ќе продолжи по пандемијата, а дотогаш #oстанетедома.
Доколку сакате да се приклучите на интересната игра што ја организира Калиопи тогаш уште еднаш проследете ги инструкциите и дејствувајте.