По неколку месечно размислување да купат нов имот, Викторија и Дејвид Бекам се одлучиле да купат луксузен стан во позната зграда во Мајами.
Станува збор за стан со пет спални соби, базен и прекрасен поглед, но и хелиодром на врвот на зградата, за кој издвоија неверојатни 21,6 милиони евра.
Станот се наоѓа во познатата зграда “One Thousand Museum” во Мајами, а за истиот платиле 24 милиони долари.
Новиот стан се наоѓа во зграда со 62 ката, висока 215 метри, што ја прави највисоката зграда во Мајами.
За станарите, на врвот на зградата има заеднички базен, како и спа центар, фризерски и козметички салон, барови и дел за сончање.
Освен овој стан, познатиот пар има и вила во Лондон, како и дом во Котволдс.