Мегафон ден на шегата

ДКЦ Карпош наместо на скопскиот плоштад, организира онлајн „Априлијада“ на Фејсбук

ДКЦ Карпош наместо на скопскиот плоштад, организира онлајн „Априлијада“ на Фејсбук

Детскиот културен центар “Карпош” најавува дека и во услови на пандемија, нема да дозволи најмладите да останат без прослава на најшарениот и најразиграниот ден во годината. Имено, на 1-ви април со почеток од 12 часот на фејсбук-страницата на “ДКЦ Карпош’ ќе се одржи пренос во живо на градската априлијада, со цел децата да можат да бидат дел од неа и да не ги запостават своите грижливо избрани маски.

“Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за прв пат на несекојдневен начин ја организираме априлијадата. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов”, се вели во соопштението на ДКЦ Карпош.

 

To top