Радио Милева

Том Хенкс и сопругата најпосле се вратија во Америка – актерот се огласи од својот дом

Том Хенкс и сопругата најпосле се вратија во Америка – актерот се огласи од својот дом

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се вратија во Америка откако беа изолирани во Австралија заради коронавирусот.

„Ние сме дома, како и другите Американци, продолжувајќи ја социјалната дистанца“, напиша Хенкс на Твитер.

Парот беше тестиран за вирусот корона на почетокот на месецот, кога почнале да ги доживуваат првите симптоми на болеста. Тие беа во Австралија каде што Хенкс требаше да започне со снимање филм за животот на Елвис Присли, во режија на Баз Лурман. Снимњето беше прекино и Хенкс и Вилсон поминаа извесно време во болницата.

фото:принтскрин/јутјуб

„Многу, многу благодарам на сите во Австралија кои се грижеа за нас. Нивната загриженост исто така го направи возможно нашето враќање во САД. И многу благодарам на сите вас кои ни испратија позитивни желби. Мене и на Рита многу ни значеа “, напиша актерот.

Неговата сопруга и тој изминативе денови известуваа преку социјалните мрежи за првите симптоми што ги чувствувале, нивните искуства во изолација, советувајќи им на луѓето како да се релаксираат во тешки моменти.

To top