Откако Анабела Атијас влезе во реалното шоу „Задруга 3“ постојано кружат приказни дека главна причина за нејзино влегување се парите.
Во една прилика, Луна откри дека е должна 25 000 евра, но не откри зошто.
Од друга страна, Анабела тврди дека пред реалното шоу многу често настапувала и заработувала огромна сума на пари.
Менаџерот на Анабела проговори и ја откри вистината.
„Не смеам многу да зборувам, но додека соработувавме пред реланото шоу, таа нон – стоп настапуваше. Се одеше како што треба. Наскоро требаше да има настап во Илинден. Каде и да настапуваше клубовите беа полни и секогаш се купуваше карта повеќе. Цената на нејзиниот настап изнесува од 1 000 до 1500 евра, зависи каде настапува“ вели менаџерот Сале за „Блиц“.
Менаџерот на Луна Ѓогани, Саша Ѓуриќ откри дали е точно дека пејачката е должна 25 000 евра.
„Ако била должна, таа го врати со своите настапи. Нејзината мајка во договор со мене договараше се околку настапите. Ги следеше светските ѕвезди како настапуваат и сакаше Луна да изгледа исто така. Кога излезе од „Задруга“, Луна соработуваше со најдобрите автори на овие простори. Се што заработи го вложи во кариерата“ вели менаџерот на пејачката.
„Имаше многу закажани настапи за следниот период, но поради „Задруга“ одложивме“ вели тој и додава дека ќе ја продолжи соработката со Луна по нејзиното излегување од реалното шоу.
„На крајот нејзиното влегување во Задруга беше вистински потег. Пејачите не можат сега да настапуваат поради короната, така да таа има можност во реалното шоу да промовира два дуети, а надвор да не изгуби никакви пари“ вели менаџерот на пејачката.
Кога станува збор за хонорарот на Луна, во медиумите се шпекулираше дека заработува 3000 евра од настап, а Саша не ги ни потврди ни демантираше овие пишувања.
„Договорот беше од продажбата на карти, но имавме и договорена цена. Отприлика таа беше цената, некогаш поголема, некогаш помала. Но, можам да кажам дека Луна е девојка која само ја гледа својата кариера“ заклучува менаџерот на победничката на „Задруга“.