Поради Ковид 19 многу од јавните личности ги откажаа своите настапи и се наоѓаат во својот дом во изолација почитувајќи ги правила за заштита од корона.
Пејачката Дара Бубамара вели дека иако ги откажала сите настапи не ги почитува сите правила за карантин. Како што вели не можела да се откаже од одредени работи, но успева да се прилагоди.
„Не можам да кажам дека ова не ме изненади, но се прилагодуваме. Пред попладне одам да трчам, тука е масажата, а попладне одам на село кај баба ми каде што е и мојот син Коста“ вели Дара за еден српски портал и додава:
„Гледам сите готват, јас продолжувам по старо. Во станот имам жена која готви, а на село за тоа е задолжена мојата баба. Кај мене се е како што треба, а тука е и момчето за изолација“ вели пејачката.