По две недели од првите симптоми на коронавирус, пејачот Пласидо Доминго итно бил пренесен во болница поради влошената здравствена состојба.
Како што пишуваат странските медиуми, пејачот ќе лежи во една приватна болница во Акапулко.
Како што се наведува, тој е под постојан надзор на лекарите.
За потсетување, Пласидо претходната недела преку својот „Фејсбук“ објави дека е заразен од корона, па се одлучи на самоизолација заедно со своето семејство.
За потсетување, Пласидо Доминго не е единствена јавна личност која е заразена од корона.