Во вчерашната најнова емисија на кулинарското шоу „Брза Кујна“, водителката Александра и шеф Марк добија идеја да поканат еден специјален гостин да им се прдружи во 30-минутното брзо готвење пред камери.
Бидејќи Марк е оној што често знае да се шегува и важи за духовит готвач пред гледачите, Александра го праша што мисли како би изгледало ако се здружат со актерот Коцев и приредат една необична емисија.
За Марк требаше само да се начне идејата, па со водителката веднаш јавно го поканија Сашко Коцев да дојде во „Брза кујна“ .
Сега како тазе тато веројатно поднаучил да биде поснаодлив во кујната, а пак доколку го прифати предизвикот, вештините на маестралните шефови веројано би му биле добредојдени како лекција.