Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, пред половина месец на својот фејсбук-профил објави дека за време на лет од Барселона, каде бил заедно со свој другар, во авионот имало патчичка кај која подоцна е констатиран корона вирус, што беше и потврдено јавно.
Кирил секојдневно се активираше на споменатата социјална мрежа и појасни дека заедно со пријателот со кого патуваше се во самоизолација во селото Љуботен. Секој ден оттаму тој има свое обраќање преку профилот и е среќен што не покажале никакви симптоми.
Кариантинот од 15 дена за актерот, пејач, пантомимичар и неговиот пријател, заврши, но иако нема симптоми тој најави дека ќе се тестира за вирусот.
По два дена, наместо резултат, актерот се уште чека на резултатот и се прашува дали и во вакво време во недела не работи здравството?
Никој не би сакал да дојде во ваква ситуација, а по половина месец се надеваме дека на Кирил ќе му падне „камен од душата!“