Радио Милева

Познатата пејачка мора да се тестира на коронавирус – била во контакт со Ѓорѓе Давид

Познатата пејачка мора да се тестира на коронавирус – била во контакт со Ѓорѓе Давид

Пејачот и членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид е позитивен на корона.

Тој преку социјалните мрежи ја потврди оваа вест истакнувајќи дека има Ковид 19 и апелираше до сите да го чуваат своето здравје.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ochaen-sum-gjorgje-david-se-oglasi-od-bolnica-i-potvrdi-deka-e-pozitiven-na-korona-video/

Гоца Тржан вели дека со Ѓорѓе се сретнала пред 3 месеци на едно новогодишно снимање, но нејзината колешка и пријателка Ивана Петерс се видела со пејачот на 3 март, па така Петерс ќе мора да се тестира.

фото: принтскрин/инстаграм

На почетокот на март, Ѓорѓе и Ивана биле на Оскар на популарноста во Бањалука.

фото: масанори јошида

„Ивана има срцеви заболувања и затоа мора да се тестира на корона. Со Ѓорѓе се видов пред три месеца на едно снимање и нема шанси да ми го пренел вирусот. Му посакувам брзо оздравување“ вели Тржан.

За потсетување, Ѓорѓе Давид бил во Македонија пред да се случи вонредната состојба, а кога заминал во Белград останал во изолација во неговиот дом.

Многу колеги од регионот му упатија зборови со поддршка и желби брзо да оздрави.

To top