Претставниците на надлежните и релевантни институции со денови апелираат до граѓаните да се придржуваат кон сите пропишани мерки воведени за сузбивање на епидемијата од коронавирусот која однесе многу животи во светот, а српската фолк пејачка Андреана Чекиќ организираше седенка за осум лица.
И покрај тоа што сакаше да биде „пофалена“ за почитување на регулативата, таа всушност предизвика контраефект и револт на јавноста, бидејќи строго ги кршеше една од основните мерки воведени од Владата на Република Србија за време на вонредната состојба.
И покрај фактот дека огромното мнозинство од населението ги минимизираше движењата и меѓучовечките контакти, пејачката направи селфи и напиша дека е во карантин и покрај тоа што минатиот викенд, владата на Република Србија експлицитно забрани собирање на повеќе од пет лица на еден простор, па на фолкерката сега и се заканува висока казна, а можеби и затвор.
„Карантин“ – напишала Андреана Чекиќ покрај фотографијата, а коментарите што ги доби потоа, сурово ја „треснаа од земја“:
„Дегенерици“, „Тоа не е во ред“, „Дебил, уште објавува…“, „Треба добро да те казнат по џебот“, „Каков е тоа карантин, 10 луѓе заедно“, „Сељачко собирање, мозокот веројатно им е на ремонт“…