Со месеци кружат гласини за помирувањето меѓу Џенифер Анистон и Бред Пит, а според најновите извештаи на странските медиуми, тие планираат да се венчаат тајно.
Наводно, Џенифер и Бред планираат да го направат помирувањето со официјална венчавка на пажа во Мексико.
„Бред сега сака да се смири и да живее среќно со својата душа, Џенифер“, изјави извор за странските медиуми.
Според пишувањата, родителите на Бред се особено воодушевени од одлуката, а само најблиското семејство и пријатели ќе присуствуваат на наводната церемонијата.
– Тие сакаат сè да биде романтично и убаво. Свадбата ќе биде духовна и тие самите ќе ги направат своите завети – рече изворот.
Актерите се разведоа во 2005 година, кога тој ја напушти поради Анџелина Џоли, со која тогаш се ожени.
– Не мислам дека Џенифер некогаш престана да го сака, иако и го скрши срцето и ја остави заради Анџелина. Помина долго а простувањето е голем чекор за да продолжат работите – додал изворот.