Дарко Лазиќ најави дека ќе се ожени за својата свршеница Марина Гагиќ во мај и дека ќе направи голема свадбена веселба за дури 500 гости. Потоа се спомнуваше дека терминот ќе биде поместен за на есен. Сепак, поради моменталната состојба во регионот и во светот, пејачот комплетно ги смени своите планови.
„Ја поместија олимпијадата, ќе ги преместиме и ние венчавката и свадбата. Светот запре. Сега не ни размислуваме за тоа. Сега, единствено што ни е важно е дека сите што ги сакаме се здрави и дека сите сме дома бидејќи тоа е единствениот начин да се излезе од ова“ – открива пејачот за српски „Блиц“, додавајќи дека и со работата на куќата се запрело заради вонредната состојба:
„Тоа е најмалку важно. Важно е луѓето да бидат живи и здрави. Ќе има и куќи и прослави и пеење по клубови. Сега најважно е да се биде солидарен и дисциплиниран.
Поради пандемијата на коронавирусот, издадени се нови мерки и совети излегувањата од дома да се сведат на минимум“ – вели пејачот.
Дарко Лазиќ тврди дека лично тој не се плаши од вирусот, но презема чекори за да го заштити семејството.
„Не се плашам од зараза, но важно е да го заштитам семејството и секако, себе си. Кога се заштитуваме самите, ги штитиме и другите. Се обидувам да го одведам своето време во изолација што побрзо. И јас се обидувам да гледам на оваа состојба од позитивната страна… Ова е одмор за кој не можев ни да сонувам, зашто се чини дека на сите ни требаше“ – резимира Лазиќ.