Драгана Мирковиќ за неколку дена оди на турнеја во Австралија, а нејзиниот сопруг и децата се загрижени за нејзиното здравје.
„Драгана уште претходната година ја закажа својата турнеја во Австралија, но никој не претпоставуаше дека светот ќе биде во опасност поради короната“ вели извор за Скандал и додава:
„Австралија не е опасно подрачје, но бидејќи се повеќе има заболени и вирусот брзо се шири, не е ни чудно што Тони и децата се грижат. Ја молеа да не тргнува на пат и да откаже се затоа што е многу опасно, но таа нема намера да ги изневери фановите и публиката која купила карти. Секако, таа никогаш не би го ризикувала своето здравје, но кога дозна дека во Австралија нема опасност, замина на пат. На своите им кажа дека нема да ги изневери луѓето кои одвоиле пари и купиле карти“ тврди изворот.
„Кога Тони сфати дека нема да ја убеди да остане во Виена и ги купи најдобрите заштитни маски и витамни за да чува имунитетот. Тони и децата се плашат, но јасно им е дека таа е професионалец и дека не се откажува од обврските. И таа сама вели дека секој концерт и е мелем за душа“ заклучува изворот.