Меган Маркл и принцот Хари на социјалните мрежи споделија неколку совети како да се однесуваат граѓаните за време на пандемијата корона.
Имено, тие се наоѓаат во самоизолација во својот дом во Канада, а на својот „Инстаграм“ објавија совети од Светската здравстевна организација.
Во упатство стои дека често треба да се мијат рацете, да не се допира лицето, да се избегнува контакт со луѓето и доколку се појават првите симптоми да се јават кај надлежните институции.
Меѓутоа, овој потег не наиде на позитивни коментари туку напротив.
„Ох, никој не ни кажа“, „Не ги видов овие информации досега, каде бев?“, „Мислите дека ние не го знаеме ова?“, се само некои од негативните коментари.
За потсетување, Меган И Хари на почетокот на оваа година одлучија да се повлечат од кралското семејство.