Поради коронавирусот и вонредната состојба во Србија, познатите од српската естрада најголемиот дел од времето го поминуваат во самоизолација во своите домови.
И покрај изолацијата тие успеваат да завршат некои активности, па изгледа дома не им е многу досадно.
Наташа Беквалац како мајка на две ќерки има многу обврски, а сега им помага и на нејзините родители, Мирјана и Драгољуб.
Наташа на својот „Инстаграм“ објави фотографии од пред станот кога ги посетила родителите и им однела намирници бидејќи тие не смеат да го напуштат станот. Со маска и ракавици, Наташа ги даде намирниците на својата мајка, па брзо замина во својот дом.
Сека Алексиќ исто така е во самоизолација во својата вила. Таа ги запраша фановите зошто им е тешко да останат во своите домови и да ги почитуваат мерките за заштита.
„Сега се полни куќите. Празни душите. Полни глави, а празни разговари. Што ни се случи, па ние е толку тешко да остане дома со своите најмили“ праша пејачката во описот на фотографија на која вежба со својот син.