Поради коронавирусот многу јавни личности ги откажаа своите настапи, а бидејќи последните денови пред да се прогласи вонредна состојба и да се влоши ситуацијата тие патуваа, многумина од нив се наоѓаат во карантин.
Пејачката Ана Бекута заедно со нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка е во самоизолација во својот луксузен стан на Врачара.
Таа се вклучи во живо во Утринската емисија на „Прва“ и на Јована Јоксимовиќ и откри како ги поминува деновите во карантин.
„Јас сум на терасата, го пијам утринското кафе и додека слушам како Италијанците се солидираат во овие тешки моменти, размислувам за истата работа. Јас следам една Италијанка, а таа и нејзиниот сопруг секој ден пејат на своите соседи, па се размислувам и јас тоа да го направам“ вели Бекута.
Ана истакна дека редовно вежба со кумата и дека нормално функционира во текот на денот, но не носи раквици и маска.
„Не носам маска и раквици, излегувам во маалото за да завшрам што ми е потребно и одам на вежбање, Дали ти носиш?“ Бекута ја праша Јована која ја искара затоа што не ги почитува мерките.
„Јас нон стоп носам, само програмата не носим маска, но во прашање е време кога ќе почнам и тука да се појавувам со заштита. Мора сериозно да разбереме“ додава Јована.
Ана истакна дека ќе ја послуша водителката и дека ќе почне да носи заштитна опрема.