Радио Милева

Сопругата на Том Хенкс иако е болна од корона најде сили да рапува и да испрати позитивна енергија(видео)

Сопругата на Том Хенкс иако е болна од корона најде сили да рапува и да испрати позитивна енергија(видео)

Актерката и пејачка Рита Вилсон, заедно со сопругот и колега Том Хенкс, се опоравуваат од вирусот корона. Како што е познато, двајцата се отпуштени од болницата Квинсленд во Австралија на домашно лекување.

Фактот дека не им е досадно во карантин, покажува и снимката која стана хит на социјалните мрежи.

Поточно, Рита реши да се одмори од читањето на една книга и почна да го рапува хитот од 1990-тите. Станува збор за „Хип Хоп Хоурај“ од „Naughty By Nature“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Wilson (@ritawilson) on

Рита Вилсон внесе позитива, а фановите и пријателите ја пофалија.

– Рита, те сакам! Те молам, врати се дома “,напиша Крис Џенер.

To top