Еден од најпознатите оперски пејачи Пласидо Доминго соопшти дека поради симптоми се тестирал на коронавирус и тестот е позитивен.
Тој оваа вест ја сподели на социјалните мрежи и порача дека се чувствува добро и дека е во изолација со своето семејство.
„Чувствувам дека ми е обврска да кажам дека тестот е позитивен. Моето семејство и јас сме во изолација и ќе останеме таму колку е потребно. Сите се чувствуваме добро. Почувстував симптоми карактеристични за корона, имав кашлица и температура, одлучив да се тестирам и тестот беше позитивен“ порача пејачот.
Потоа тој апеплираше до јавноста и им порача да бидат внимателни, да ги почитуваат препораките и редовно да ги мијат рацете, но и да се држат на растојание од другите.