Корона кризата секојдневно влегува во нов пик, има се повеќе заразени, се повеќе починати во светот, а веќе и кај нас… И додека мора да седиме дома купувајќи време заразата да мине, времето не гази сите нас… Фирмите затворени, вработените распуштени, економијата на колена, а ако потрае оваа пандемија, набргу ќе имаме и „умрена“ економија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев заборави дека повеќе не е премиер, па место техничкиот, тој тргна да најавува економски мерки… Демек солидарни! Минимална плата за сите… Мерки кои најмногу по џебот ќе ги удрат оние кои со тие пари не ќе можат да го поминат месецот, зашто и со својата „максимална“ плата ионака едвај крпат крај со крај, со маки спојуваат први со први. Сега, не ќе можат да ја истераат ниту првата седмица од месецот… На работниците на кои секое денарче им значи, минимална плата ќе им ја зaтвори и онака затворената врата од животот од Ковид 19.
Никој не сака да седи дома, ама никој и не може да живее со 250 евра… Лесно им на Заеви и на пратениците, на министрите и градоначалниците, на политичарите од власта… Ним банкарските резерви им се на завидно ниво, па лесно ќе се откажат од платите, ама останатите?
И додека Заев најави дека ќе крати плати на вработените, ниту тој ниту неговото пошироко семејство очигледно нема да биде меѓу серизоно оштетените. Доказ повеќе, последната фотографија споделена на социјалните мрежи, која иритира, провоцира и нервира… Додека состојбите со коронавирусот кулминираат, децата на Заеви се луксузираат.
Внуката на Зоран Заев, ќерката на Вице-то, Ева, сподели фотографија на своите Инстаграм приказни, на која се пофали со нов автомобил, паркиран во дворот. Бела „Фолцваген – Буба“… Корона за цел свет, за Ева нов кабриолет!