Радио Милева

Актерката од „Игра на тронови“ е позитивна на коронавирус

Актерката од „Игра на тронови“ е позитивна на коронавирус

Актерката која многумина ја знаат по нејзината улога во серијата „Игра на тронови“ е позитивна на коронавирус.

Станува збор за Индира Варма која се тестирала на Ковид 19 и тестот испаднал позитивен.

„Во кревет сум, заразана од коронавирус и не ми е пријатно. Останете безбедни и здрави, бидете фини кон своите најблиски“ напишаа таа во својата објава.

фото: Инстаграм

Инаку, Варма не е единствената заразена од серијата „Game of Thrones“. Пред неколку дена, Кристофер Хиву, кој го игра добродушниот Тормунд, самиот откри дека е заразен.

Индира во „Игра на тронови“ ја имаше улогата на Еларија Пежана.

To top