Радио Милева ментална хигиена...

Викторија Лоба најде начин како во карантин да го „билда“ духот: „Верувам дека овој лош сон наскоро ќе зaврши“! (ФОТО)

Викторија Лоба најде начин како во карантин да го „билда“ духот: „Верувам дека овој лош сон наскоро ќе зaврши“! (ФОТО)

Ситуацијата со коронавирусот сите не погоди. Пандемијата не само што ни го загрозува здравјето, туку на сите одкорен ни го смени начинот на живот… Навиките, принципите, однесувањето, погледот на нештата, на кои претходно можеби не сме обрнувале толку внимание.

Животот во изолација наметна свои правила, обврски и должности, но донесе и повеќе време за себе и другите…

 

Пејачката Викторија Лоба, како се’ уште да не може да поверува дека ова нам ни се случува. Или барем и требаше време да сфати и да се навикне на ваквата реалност, која сепак не е само лош сон од кој набргу ќе се разбудиме.

Сепак, како и многумина од нас, откако се соочи со ситуацијата и првиот бран на неверување го преброди, Лоба полека навикнувајќи се на карантинот наоѓа начини како животот во 4 ѕида да си го направи што понормален. Смирена и внимателна со верба дека „овој лош сон, наскоро завршува“!

 

Сега единствено како можеш да си помогнеш себеси и на другиот е да останеш смирен и многу внимателен. Свесност, будност, следење на препораките за одржување на хигиената и самоизолација е клучното во овој момент за да ја спречиме пандемијата.

Само помисли колку си среќен што можеш да останеш дома и помисли на сите доктори, медицински лица, полицајци, фармацевти и продавачи во прехранбени продавници кои не се во можност да го напуштат своето работно место и да бидат со своите најблиски. Цени ги вистинските вредности во животот и размисли како можеш да го подобриш својот животен стил кога сѐ ова ќе заврши.

Со тоа што остануваш дома придонесуваш ова побрзо да заврши“ – апелира пејачката до јавноста преку својот Инстаграм профил.

Во меѓувреме, за да ги оттргне мислите и вниманието од лошите вести со кои деновиве сме бомбардирани, а домашната изолација не ни дава многу простор да го физичка активност која го зацелува и духот, Лоба најде време како тоа да го компензира.

„За да Ве инспирирам, направив список од мои омилени книги и оние кои сега почнувам да ги читам. Знам дека некои издавачки компании имаат платформа за он-лајн нарачка со достава на книги, па ќе можеме слободното време да го искористиме на продуктивен начин. Скоро сите мои книги ги купувам по препорака и најчесто се со содржина која помага во личен ментален и духовен раст“ – напиша пејачката претставувајќи го својот литературен избор  од карантинот, додека и таа и сите ние чекаме, овој лош сон што побргу да заврши!

To top