Водителката Душица Јаковљевиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград, па се огласи и откри што се случило.
Водителката управувала со својот автомобил според прописите, кога во еден момент друг возач и го пресекол патот така што одеднаш преминал во нејзината лента.
За да избегне големи последици, Јаковљевиќ одеднаш сопрела и удрила во друго возило, кое во тој момент налетало на неа.
Возачот, кој нагло преминал во лентата каде била таа и ја загрозил нејзината безбедност, избегал од местото на несреќата која се случила во близина на Ада Циганлија.
„Си тргнав накај дома и тогаш некоја девојка која се движеше накај мене, во спротивна насока, одеднаш сврте пред мене. Едвај успеав да ја избегнам. Во тој момент стиснав на кочницата и почувствував дека некој ми удари. Таа побегна. Без оглед на законот по кој е крив тоа момче, таа е виновна бидејќи ја предизвика сообраќајката. A ете се извлече без последици“ вели водителката за „Пинк“ и додава:
„Во прв момент се тресев бидејќи ова е моја прва сообраќајна несреќа. Сепак, бргу се прибрав. Со момчето кое удри во мојот автомобил си направивме муабет, важно е дека никој не е повреден“ вели Душица.