Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти на својот „Инстаграм“ се огласи по повод тешката ситуација со коронавирусот.
Тој на својот народ му испрати поддршка истакнувајќи дека ако се придржуваме кон правилата и законите, брзо ќе го победиме вирусот.
„Само ако се придржуваме кон правилата и законите, може да придонесеме што побрзо да го победиме вирусот“ напиша пејачот и предизвика лавина од коментари.
И многу други јавни личности се приклучуваат на апелот да се остане дома, во карантин како една од мерките да се спречи ширење на вирусот.