Радио Милева

Марија Шерифовиќ „одржа лекција“ поради короната: „Ако не бидете добри граѓани ќе имате проблем со мене“

Марија Шерифовиќ „одржа лекција“ поради короната: „Ако не бидете добри граѓани ќе имате проблем со мене“

Пандемијата „ковид 19“ се уште владее во светот, а многубројни личности ги почитуваат препораките и остануваат во своите домови.

Јавните личности апелираат до граѓаните да останат во своите домови за да се заштитат себеси и тие околу себе.

Пејачката Марија Шерифовиќ се приклучи кон апелот и повика на разбирање и одговорност кон себе, а и кон другите.

„Ок. Ќе и дадам неколку месеци на Короната. Ќе се грижам за себе и луѓето околу мене. Ќе носам маска и ракавици. Ќе мијам раце. Верица е во карантин. Јас нема да одам никаде. Ќе бидам добар граѓанин, а тоа ви го предложувам и на вас. Бидете добри граѓани за да ова лудило заврши побрзо“ вели пејачката  и додава:

„Ако не бидете граѓани за пример, ќе имате проблем со мене, а знаете дека тоа не е добро. Тогаш поради вас нема да можам да одам во Америка, во Венеција на ручек, нема да можам да пејам и да ги правам луѓето среќни, нема да можам во Шпанија на море, ниту на вино во Хрватска, нема да можам да одам на ќебапи во Босна, нема да можам да играм со екипата плејстор, а Токио секако ми пропадна итд итд“, напиша Шерифовиќ.

„Се надевам дека ќе бидете добри и совесни граѓани. Ајде наздравје и без грижи“ заврши некогашната победничка не Евровизија.

To top