Полека и доаѓа крајот на најгледаната драма „Парампарче“.
Љубителите на оваа хаотична приказна уште во претходните сезони видоа разни пресврти кои нималку не ги насетуваа, а уште повпечатливи ќе бидат и крајните епизоди.
Сосема неочекувано беше дека Озан му е син на Харун, а уше помалку дека тој ќе почине, а Дилара ќе остане вдовица.
Оваа работна недела следува голема драма во семејството Ѓурпинар, а за да ви биде поинтересно нема да ги откриеме возбудливите сцени кои не смеете да ги пропуштите долколу ја следите серијата од самиот почеток.
Потсетуваме, „Парампарче“ е една од најскапите снимени серии, од кои за една епизода се потрошени илјадници лири.