Радио Милева

Верувале или не, постои и таков лик: Светски познатиот актер и музичар не знаел дека светот се соочува со корона! (фото)

Верувале или не, постои и таков лик: Светски познатиот актер и музичар не знаел дека светот се соочува со корона! (фото)

Колку и да звучи нереално, постојат и такви луѓе кои не знаеле, барем до сега, дека светот се соочува со пандемијата коронавирус, а тоа е познатиот актер и пејач Џеред Лето.

Холивудскиот суперстар на својот Инстаграм објаснил дека бил во пустина, без телефон и дека поради тоа не знаел што се случува.

фото:инсатргам/џеред лето

-Пред 12 дена почнав со тивка медитација во пустина. Бевме тотално изолирани. Без телефони, без комуникација и така понатаму. Немавме идеја што се случува „надвор“ – напишал Лето и продолжил:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

– Вчера излеговме од многу поинаков свет. Еден свет кој е сменет засекогаш. Умот застанува, најмалку што може да се каже. Добивам пораки од пријателите, семејството и од целиот свет што всушност се случува. Се надевам дека вие и вашите сте добро. Испраќам позитивна енергија на сите. Останите внатре (дома). Останите безбедни – напишал актерот и фронтменот на бендот „30 Seconds From Mars“.

To top