Мегафон УЕФА пресече...

Еуро 2020 се одлага за 2021 година, баражите пролонгирани

Еуро 2020 се одлага за 2021 година, баражите пролонгирани

На состанокот на челниците на УЕФА преку виде-конференција со сите претседатели на националните федерации. Првата точка беше експресно решена, дуелот меѓу Македонија и Косово, како и останатите баражи за пласман на ЕП кои требаше да се играат кон крајот на месецот се одложени, истите ќе бидат поместени засега, за јуни годинава.

Ова лето нема да гледаме ниту Европско првенство, кое е одложено за следната година, поточно ќе се одигра во периодот од 11. јуни до 11. јули поради корона вирусот.

Во тек е вториот дел од конференцијата на УЕФА. Истиот се однесува на донесување одлука околу начинот на кој ќе финишираат клубските натпреварувања како Лигата на шампионите, Лигата на Европа и домашните клубски натпреварувања.

УЕФА дава предлог сите национални шампионати да завршат до 28 јуни, а финалето од Лигата на шампионите да се игра во Истанбул на 30 јуни. Со оглед на тоа дека во Италија, Шпанија и Англија владее голема паника како последица на коронавирусот за оваа точка многу е веројатно дека нема да има заеднички договор. Се очекува УЕФА да закаже нов ваков состанок во наредните две недели и да се следи ситуацијата со пандемијата.

To top