Радио Милева

„Не сум сигурна кој е следниот чекор“: Уште една холивудска актерка позитивна на корона

„Не сум сигурна кој е следниот чекор“: Уште една холивудска актерка позитивна на корона

Актерката Рејчел Метјуз на својот „Инстаграм“ објави дека е позитивна на „Ковид 19“.

„Здаво луѓе, позитивно сум тестирана на „Ковид 19“ и ќе бидам во карантин цела недела. Не сум сигурна кој е следниот чекор, но ќе останам во карантин се додека не ми кажат поразлично. Се чувствувам подобро, но ќе ви објавам уште некои информации и се надевам дека ќе ви бидат од корист“ напиша таа, па продолжи:

„Може да ме прашате што и да посакате, ќе ми драго ако можам да ви помогнам“ напиша актерката.

фото: инстаграм

За потсетување, Том Хенкс и неговата сопруга кои беа заразени од корона се пуштени од болница и се во изолација.

To top