Тестирањето што се одвива во Институтот за здравствени истражувања е финансиран од Националниот институт за здравство, а официјалните претставници информираат дека ќе бидат потребни до 18 месеци за целосно да се провери дали вакцината е ефикасна.
42-годишната Халер за американските медиуми го сподели ова несекојдневно искуство и чувството како е да се биде првиот пациент на кој се тестира вакцина за коронавирусот:
„Пред неколку недели имаше повик за волонтери за тест на вакцина за коронавирус. Ги пополнив формуларите, ме повикаа и ми направија тестови за целокупното здравје. Се беше во ред. Здрава сум, работам полно работно време и од компанијата имаа разбирање. Горда сум на себе, бидјеќи сите се чувствуваме беспомошно во овој момент и успеав на некој начин да придонесам за борбата.“
На прашањето дали била известена за ризиците и нус ефектите од вакцината, таа вели дека фактот што вакцината не го содржи самиот вирус бил многу битен за неа. Додава дека непознатото „секогаш е тука“, но за неа најбитно било што е дел од процесот на откривање како да му помогне на човештвото.